Џорџ Озборн : Додека сум жив Турција нема да влезе во ЕУ

Џорџ Озборн : Додека сум жив Турција нема да влезе во ЕУ
Џорџ Озборн : Додека сум жив Турција нема да влезе во ЕУ
Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн изјави дека Турција нема да се приклучи кон Европската Унија, демантирајќи еден од аргументите што го користат поддржувачите на излегувањето на Велика Британија од Унијата, кои предвидуваат поголема миграција доколку Турција биде примена во ЕУ.

Стравувањата меѓу некои од избирачите дека бројот на лица кои доаѓаат на островот е излезен од контрола, е една од слабите страни на кампањата за поддршката на Озборн и премиерот Дејвид Камерон за останување во ЕУ пред референдумот на 23 јуни.

Озборн беше прашан за предвреме искажаната поддршка на Камерон за приклучувањето на Турција кон ЕУ. Во 2010 година премиерот кажа дека ќе биде „најголемиот поддржувач” за влезот на Турција.

– Турција се врати наназад. За таму имаме стравувања за почитувањето на демократијата и човековите права, рече Озборн и дополни дека сегашната позиција на британската Влада е дека таа не треба да се приклучи кон ЕУ.