Џорџ Сондерс добитник на годинешната награда Букер

© AP Photo/Kirsty Wigglesworth

Американскиот писател Џорџ Сондерс е добитникот на престижната награда Букер (Man Booker Prize) за 2017 година, беше објавено на свечената церемонија во вторникот вечерта во Лондон.

Педесет и осумгодишниот Џорџ Сондерс, кој досега беше попознат по своите раскази, е лауреат на наградата којашто се доделува за англојазичната литература, за романот „Лонколн во бардо“(Lincoln in the Bardo). Тој е вториот последователен американски книжевник кој ја добива оваа престижна награда со којашто оди и паричната награда во износ од 50.000 британски фунти, откако минатата 2016 година признанието му припадна на неговиот сонародник Пол Бити.

Романот „Линколн во бардо“ претставува своевидна истрага за смртта. Во него станува збор за американскиот претседател Абрахам Линколн (1809 – 1865) кој оди на гроbот на синот Вили кој починал на 11-годишна возраст на почетокот од Граѓанската војна. На гробиштата во Џорџтаун, Линколн е во состојба на призрак, променлива состојба, којашто будистите ја нарекуваат „бардо“ (постмртната рамнина) и води интересни и возбудливи дијалози со душите на умрените.

„Во текот на разговорот за ловот и заробувањето на душите во задргобниот живот на младиот син на Абрахам Линколн се среќаваат ликови кои живеат во подземниот свет, парадоксално отелотворени во жива и живописна форма“, коментираше претседателката на жирото за доделувње на наградата Лола Јанг. Според неа, „Линколн во бардо“ се базира на историјата и „ја истражува вредноста и искуството на емпатијата за другите“.

Самиот писател признава дека романот„живеел во неговото срце“ 20 години пред да биде ставен на хартија. Сондерс обраќа внимание на тоа дека неговиот роман, иако го враќа читателот 155 години нананзад, всушност е актуелен и во сегашниот момент.

„Живееме во чудно време. Но прашањето, коешто лежи во основата на сé, е прилично едноставно: дали реагираме на она што нé плаши, на изолацијата, создавњето на негативната слика и насилството? Или ние, како во антиката, со сите сили веруваме во непредвидливото и реагираме со љубов? И верувајќи во таа мисла, дека ние она што го восприемаме како нешто чудно всушност не е чудно, затоа што тоа и сме ние, но во друга фаза?“, прашува Сондерс.

Наградата Букер првпат е востановена во 1969 година и се доделуваше на автор кој потекнува од една од земјите на Комонвелтот, Ирска или Зимбабве. Од 2013 година таа им се доделува и на писатели од други земји за дело напишано на англиски јазик и објавно во Велика Британија. Притоа, од 2013 година наградата никогаш не му беше доделена на британски автор. Во 2013 и 2014 година нејзини лауреати станаа автори од Нов Зеланд, во 2015-та од Јамајка, а во 20106 и сега во 2017 година од САД.