Џорџо Армани: Немојте премногу да кревате тегови и не одете на пластични операции

Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани (80) никогаш „немал влакна на јазикот“ но она што го изјави во едно неодамнешно интервју дефинитивно разбесни многумина.

Дизајнерот изјави дека не ги поддржува операциите за зголемување на градите, ниту пак ги поддржува мажите што премногу вежбаат. Тој истакна дека најмногу го цени „здравиот изглед“.

– Не ми се допаѓаат мускулести мажи. Не треба да се претерува со теретаната. Ми се допаѓа здраво, цврсто тело, но кое не изгледа како претерано да ги користите мускулите, изјавил тој.

Армани вели дека одењето на пластични операции е „идиотизам“.

– Малите гради немора да станат големи, вели тој.

Нагласува дека најмногу ги цени жените со природна убавина, особено оние што достоинствено стареат.

– Ми се доапаѓа природниот изглед. Жените би требало со годините да стануваат и похрабри, а не очајнички да се обидуваат да изгледаат помладо.