ДЗС активно работи на санирање на штетите од поплавите

Во општина Валандово на некои места има излевање на река Вардар, поточно  на потегот меѓу Јосифово Марвинци, поплавени  се овоштарници покрај реката Вардар. Водата се повлекува и сообраќајот е нормализиран, соопшуваат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во општина Конче, од општината Радовиш ангажирана една градежна машина која моментално е во с. Липовиќ и работи на санирање на патништата во Општината (насипи, пополнување на дупки и друго. Во Општина Радовиш се ангажирани две машини , во моментов се извидуваат состобите на  терен и се подготвуваат машините за работа околу насипот на влезот кај мостовите во Радовиш.

Една градежна машина (голем багер) ангажирана од Дирекцијата за заштита и спасување работи на Крива река во општината Крива Паланка од 25.01.2015 година од 07.00 часот и понатаму останува да работи на Дурачка река.

Во општина Пробиштип се прават подготовки за транспорт на две машини од фирма од Кратово кои ќе работат на санирање на мостот кај двете села отсечени Драч и Бунеш. Машините ќе почнат со работа на терен од утре 07.00 часот.

Во Босилево, се работи со машини (ангажирани се 4 машини) односно се прават насипи на струмичка река. Кај с.Турија се врши чистење и формирање на регулација за испуштање на езерото Турија, затоа што има опасност од излевање на истата. Во двете места се работи со машините на фирмите „Ѓоле компани и Габро„ односно истите имаат договор со ДЗС.

Три градежни машини (багери) и еден камион ангажирани од ДЗС, работат на подрачје на Општина Штип по барање од Градоначалникот на санирање од поплавите во градот од 25.01.2015.

Три градежни машини и еден камион од ДЗС работат во Општина Карбинци од 24-ти месецов на справување од поплавите во селото и течението на река Лакавица.

Во општината Чешиново-Облешево се организира транспорт на машината со транспортер на АРМ од Општина Новаци до Злетовска река каде што ќе работи (се работи за специфична машина од 25 тона).

Во погодените подрачја, Дирекцијата за заштита и спасување, преку своите подрачни одделенија се наоѓа на терен, од каде што на лице место ја следи состојбата.

Во овие подрачја и во соседните, зголемено е нивото на подготвеност заради евентуално ангажирање на силите на Дирекцијата, до колку тоа го побараат градоначалниците.