ДЗС будно ја следи состојбата низ Македонија

Кординативното тело за справување со непогодите денес отиде на терен на браната Мантово да ја разгледаат моменталната состојба и да ги проценат понатамошните акции.

Врнежите се запрени а сега се испушта вода од темелниот испуст (околу 4 м3/сек) за да се ослободи место за следниот бран врнежи. Дирекцијата за заштита и спасување утре ќе ангажира 3 градежни машини во реонот на браната да помогнат со справувањето со настанатата состојба.

Градежните машини ангажирани претходните денови од страна на Дирекцијата за заштита и спасување во текот на денешниот се уште се на терен и помагаат во намалувањето на штетите од обилните врнежи.

Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата во републиката, со постојан контакт со локалната самоуправа и е подговена да во случај да има потреба активира дополнителна механизација за отстранување на последиците од врнежите.