Македонија

ДЗС: Цените на угостителските производи непроменети

ДЗС: Цените на угостителските производи непроменети

Цените на угостителските услуги во февруари во споредба со јануари годинава останаа на исто ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, намалување за 0,1 процент има во групите „алкохолни пијалаци“ и „безалкохолни пијалаци“.

Цените на угостителските услуги во февруари годинава, во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 0,2 проценти. За толку е евидентирано зголемување и на цените на угостителските услуги во периодот јануари-февруари година, во однос на истиот период лани. Споредено со декември лани цените се непроменети.