ДЗС: Чаир, Гостивар и Тетово со најдобар наталитет

Општините Карпош, Кисела Вода, Берово, и Крива Паланка имаат најлош наталитет и најголеми минуси во демографскиот природен прираст.

Државниот завод за статистика вчера излезе со податоците за наталитетот во третиот квартал 2014 година (јули, август, септември). Вкупните податоци на ниво на Република Македонија покажуваат дека постои зголемување на бројот на родени бебиња од 1 % во однос на третиот квартал минатата година. 

Кога ќе се погледнат бројките по општините, може да се видат општините со најголем и најмал природен прираст.

Трите општини со најголем природен прираст се општините Чаир, Гостивар и Тетово.

Општина     Родени     Умрени     Прираст

1. Чаир           323          127           + 196

2. Гостивар     302          118           + 184

3. Тетово        346           175          + 171

Истовремено, општините со најлош наталитет се следниве:

Општина              Родени     Умрени     Прираст

1. Карпош            127          155           минус – 28

2. Кисела Вода    163          176           минус – 13

3. Берово              28            41           минус – 13

4. Крива Паланка  39            52           минус – 13

Карактеристично за општините со најмал наталитет во Скопје како Карпош и Кисела Вода е релативно високиот економски стандард во македонски рамки. Но, во општините Карпош и Кисела Вода има релативно голем број на разводи. Од скопските општини, најмалку разводи има во општините Арачиново, Студеничани и Сарај. Истовремено, токму овие општини како Арачиново, Студеничани и Сарај имаат најдобар наталитет во Скопскиот регион.