ДЗС: Грците најбројни туристи во Македонија

Туристите од Грција, Турција, Србија и Бугарија биле најбројни кои ја посетиле Македонија во ноември 2014 година.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, бројот на туристи од Грција изнесува 3.434, од Турција 2.667, од Србија 2.581 и од Бугарија 1.940. 

Во ноември минатата година земјава ја посетиле вкупно 36.475 туристи и бележи раст од 6,9 проценти во однос на ноември 2013 година.

Бројот на домашните туристи во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е зголемен за 7,5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 6,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2014 година  бројот на ноќевањата изнесува 81.307 и бележи зголемување за 2,9 отсто во однос на ноември 2013 година.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е намален за 0,2 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5,5 отсто.

Во периодот јануари-ноември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5,3 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 3,2 отсто, а кај странските има зголемување за 6,8 отсто.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 2,1 отсто. Кај домашните туристи има намалување за 0,2 отсто, а кај странските има зголемување за 5,4 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.