Македонија

ДЗС: Намалена просечната цена на станбениот квадрат

ДЗС: Намалена просечната цена на станбениот квадрат

Просечната цена на квадратен метар станбена површина лани изнесуваше 46.505 денари (756 евра), што е за 0,7 отсто помалку во однос на 2013 година, објави Државниот завод за статистика.

Постои значителна разлика во цените на станбените објекти во Скопје со останатите градови во државата.

Просечната цена на квадратен метар  во Скопје лани изнесуваше 53.878 денари (876 евра) што е за 1,8 отсто помалку во споредба со 2013 година.

Просечната цена во останатите населени места во државата изнесуваше 33.505 денари (544 евра), што е за 14,7 отсто помалку во споредба со претходната година.

Цената на становите во второто полугодие бележи намалување во однос на првото полугодие од 2014 година и тоа за 8,4 отсто, додека во Скопје цената се намалила за 3,4 отсто.

Наведените просечни цени на еден метар станбена површина се без данок на додадена вредност.