ДЗС: Намалени се трошоците за живот

живот

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година намалување на трошоците за живот е забележано во групите: храна и безалкохолни пијалаци и здравје за 0,4 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,2 и мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0,1 отсто. 

Пораст има во групите: рекреација и култура за 1,2 отсто, транспорт за 0,5, облека и обувки и останати стоки и услуги за 0,2 и ресторани и хотели за 0,1 процент. На ниво од претходната година се групите: домување, вода, електрика, гас и други горива, комуникации и образование.

Намалување на цените на мало има кај земјоделски производи за 0,8 отсто, услуги за 0,3 и пијалаци за 0,2 отсто. Пораст е забележан кај индустриско-непрехранбени производи за 0,3 отсто, групата индустриски прехранбени производи е на ниво од претходната година.
Трошоците за живот во декември лани во споредба со декември 2015 година забележаа намалување од 0,2 отсто, а кај цените на мало има пораст од 0,1 отсто.

Кај трошоците за живот во декември 2016 година во однос на претходниот месец има намалување од 0,1 отсто што е резултат на пониските цени на овошјето за 5,9 проценти, рибата и морските плодови и млекото за 0,8, другите прехранбени производи за 0,7, алкохолните пијалаци за 0,6, зеленчукот за 0,5, оризот за 0,4 и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто. Намалување е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 6,5 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 0,4, услугите за рекреација и спорт за 0,3 и лековите за 0,2 отсто.