ДЗС: Просечната плата во јули 21.350 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јули годинава изнесувала 21.350 денари и во однос на јули лани е повисока за 1,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемениот износ се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по  вработен во секторите „градежништво“  за 9,6 проценти, „стручни, научни и технички дејности“ за 9,5 проценти и „административни и помошни услужни дејности“ за 6,8 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите „рударство и вадење камен“ за 6,8 проценти, „земјоделство, шумарство и рибарство“  за 3,5 проценти и  „преработувачка индустрија“ за 2,7 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули годинава изнесувала 31.245 денари. Во јули 2014 година, 1,2 проценти од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.