ДЗС: Раст на прометот во индустријата за 27,7 отсто

Прометот во индустријата во септември годинава во однос на септември лани бележи пораст од 20,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, порастот на домашниот пазар изнесува два отсто, а на странските пазари 27,7 проценти.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, бележи пораст од 4,7 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија зголемување за 21,3 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година бележи пораст кај Енергија за 34,1 проценти, Капитални производи за 70,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,4 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,5 отсто.

Прометот во индустријата во септември 2014 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст од 10,8 отсто додека во периодот јануари-септември 2014 година, во однос на периодот јануари-септември 2013 година има раст од 13,8 отсто.