ДЗС: Расте бројот на вработени во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во ноември годинава во однос на ноември лани бележи раст од 8,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според обајвените податоци пораст бележи бројот на работници за индустријата за 7,9 отсто во периодот јануари-ноември 2014 година, во однос на овој период лани.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 3,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10,4 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,7 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,2 отсто, Капитални производи за 115,3 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто, и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 3,4 проценти.