Македонија

ДЗС: Стапката на сиромаштија во 2015 изнесувала 21,5 отсто

ДЗС: Стапката на сиромаштија во 2015 изнесувала 21,5 отсто

Како што се наведува, тоа го покажуваат конечните пресметки за Лаекен индикаторите за сиромаштија за 2015 година добиени годинава од Анкетата за приходи и услови за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2015 година е 22,9%. Според најфреквентниот статус на економска
активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8,9%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,3%.

Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33,7%, што претставува намалување во однос на 2014 година кога овој коефициент изнесувал 35,2 отсто, и во однос на 2013-та кога бил 37 проценти.