ДЗС: Струјата за домаќинствата во првото полугодие поевтина за 0,41 отсто

Во првата половина од годинава просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесувала 4.86 денари по киловат час што е намалување за 0,41 процент во споредба со втората половина од 2013 година, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС,  во индустријата просечната цена на струјата без данокот на додадена вредност чинела од 3.35 до 8.01 денари по киловат час, а цената на природниот гас се движела од 24.35 до 26.48 денари по nm3.