ДЗС: Трошоците за изградба на нов објект повисоки за 0,3 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во однос на третиот квартал лани се повисоки за 0,3 проценти.

Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со претходното второ тримесечје, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,7 отсто, трошоците за материјали се пониски за 0,1 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 2,7 отсто.

Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со третото тримесечје од 2013, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,3 отсто, трошоците за материјали се пониски за 0,8 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 3,5 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.