сабота, 18 февруари 2017  |  Вести денес: 29

ДЗС: Зголемена довербата во градежништвото

Доверба во градежништвото во четвртото тримесечје од 2016 година е зголемена за 0,2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2015 година, оценуваат  раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото.

градежништво

Поврзани вести

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, а очекувањата се бројот на вработени да се намали во наредните три месеци.

Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2016 е поповолна во однос на претходното тримесечје и во однос на четвртото тримесечје од 2015 година. Оценката, пак, за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, а оценката за финансиската состојба е понеповолна во споредба со третото тримесечје од 2016 година.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во четвртото тримесечје од 2016 година се над нормалата.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 18,9 проценти, зголемени финансиски трошоци (камати) со 14,8, конкуренција во сопствениот сектор со 12,5 и нема побарувачка со 12,5 проценти.

Најчитани вести