Џузепе Конти доби мандат да состави влада

Претседателот на Италија, Серџо Матарела, му го даде мандатот за состав на новата влада на кандидатот од коалицијата на „Движењето Пет ѕвезди“ и десничарската партија „Лига“, Џузепе Конте.

Матарела и Конте денеска разговарале повеќе од два часа по што претседателот на државата соопштил дека го прифатил предлогот на двете партии што добија најмногу гласови на изборите и покрај тоа што Конте нема никакво политичко искуство.

Конте сега има задача во консултација со лидерите на партиите да одлучи кому ќе му ги довери министерските функции. Составот на владата мора да го потврдат и двата дома на италијанскиот парламент, но тоа ќе биде лесно затоа што Движењето „Пет ѕвезди“ и „Лига“ го имаат мнозинството.
Претходно , Италијанските медиуми објавија дека премиерот Конте , кој е универзитетски професор по право , ја лажирал својата биографија доставена до претседателот Матарела и во неа наведувал дека студирал на престижните факултети Јеил и Универзитетот во Њујорк, од каде демантираа дека Конте бил нивен студент.