Е вака се навива !

Клаус-Михаел Кухне е вистински пример како се сака својот омилен клуб.

Имено, овој богат германски бизнисмен, кој е долгогодишен фан на бундеслигашот Хамбургер, одлучил да му даде на клубот “мала” финансиска инјекција од 25 милиони евра, пари кои ќе бидат наменети исклучиво за трансфери.

Дел од парите, односно 4 милиони евра веќе се искористени за доведувањето на Валон Бехрами од Наполи, а се очекува до крајот на месецот во тимот да пристигнат уште неколку квалитетни играчи.

Кухне, кој инаку според магазинот Форбс е еден од најбогатите луѓе во Германија, има богатство кое се проценува на 8,7 милијарди евра.