Магазин

EAVE награда за најдобар филмски проект на копродукцискиот маркет When Еast Мeets West во ТРСТ

EAVE награда за најдобар филмски проект на копродукцискиот маркет When Еast Мeets West  во ТРСТ

Играниот филм „Крани“ кој е во фаза на развој и е поддржан од Mакедонскиот филмски фонд, неделава беше претставен пред еминентни професионалци од филмскиот свет на пичинг-форумот When Еast Мeets West  во Трст, Италија и ја доби наградата на European Audiovisual Enterpeneurs, EAVE за најдобар филмски проект. Наградата вклучува едногодишна стипендија за развој на филмскиот проект со експерти од областа на филмот и презентација на проектот пред најголемите финансиери на филм од Европа.

Повеќе од 200 апликации од Европа беа пријавени за учество на овој престижен настан, но беа претставени само 22 проекти пред селектирана публика од кои две третини беа играни филмски проекти, а еден дел документарни филмови.

Единствен претставник од Македонија на WEMW беше проектот „Крани“ во продукција на Фрагмент филм. Сценарист и режисер на филмскиот проект „Крани“ е Ѓорче Ставревски, а продуцент е Емилија Чочкова.

„When Еast Мeets West“ (WEMW) e копродукциски маркет кој е организиран од FVG Audiovisual Fund и филмскиот фестивал во Трст во соработка со EAVE, EUROIMAGES и со поддршка на MEDIA Програмата, Derizione Centrale per il Cinema – MIBAC и CEI.

На настанот, нашите претставници остварија и повеќе од 20 состаноци со дистрибутери, продуцентски компании и агенти од Европа.

За филмскиот проект „Крани“ беше пројавен огромен интерес и веќе се обезбедени потенцијални копродуценти од Холандија, Хрватска и Италија и Германија, а заинтересирани се и продуценти од Велика Британија и Швајцарија.

 EAVE (European Audiovisual Enterpeneurs) е најголема организација и копродуцентска мрежа за развој на филмски проекти и едукација која постои повеќе од 25 години.