Еболата ги коси џихадистите на ИСИС

Повеќе од десетина џихадисти во Сирија имаат симптоми на смртоносниот вирус ебола, се вели во соопштението на израелските разузнавачи.

Во извештајот на израелските разузнавачи се наведува дека повеќе од десетина џихадисти во Сирија ги покажуваат симптомите на ебола, смртоносниот вирус, кој однесе 3.091 жртва во Западна Африка, каде што поприми размери на епидемија. Повеќе од 6.500 луѓе се разболеа од ебола во пет западноафрикански земји кои се најтешко погодени од епидемијата.

“Знаеме дека ИСИЛ има воени логори во Африка и голема е можноста џихадистите таму да дошле во контакт со вирусот”, вели за израелската агенција експерт за борба против тероризмот кој се претставил како Ави.