Еболата и понатаму се шири во западна Африка

Епидемијата на ебола и понатаму се шири во западна Африка и покрај сите преземени мерки.

Бројот на починатите од оваа болест се искачил на намалку 1427 лица. Во Либерија има 624 смртни случаи. Оваа земја е најмногу погодена од заразната болест.

Досега се инфицирани вкупно 2615 луѓе со смртоносниот вирус, соопшти СЗО и тоа најмногу во Либерија 1082 заразени, потоа Гвинеја, Сиера Леоне и Нигерија. СЗО, меѓутоа, смета дека темната бројка е многу повисока.

Кон западна Африка во меѓувреме се упатија уште експерти, меѓу нив и раководителот на американскиот центар за контрола на зарази, кој од прва рака сака да се информира за тоа по кој пат се пренесува ова вирусно заболување. Оваа институција веќе испрати 70 експерти во погодените земји и Нигерија.