Еболата надвор од контрола, мора да се реагира брзо

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека епидемијата на ебола во западноафриканските земји излегува од контрола и ја повика меѓународната заедница брзо да делува и го запре ширењето на болеста пред да бидат заразени над стотина илјади луѓе.

– Ова е тешка вистина. Во Западна Африка има епидемија на ебола, каква што досега немаме видено. Таа излегува од контрола и се влошува, изјави Обама, за време на посетата на Центарот за контрола и превенија на болеста, во Атланта.

Обама истакна дека светот очекува од САД да се ангажираат за прашањето со епидемијата на ебола, додавајќи дека Америка ја прифаќа таа одговорност. Од епидемијата на ебола во Западна Африка досега загинаа над 2.400 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.