Свет

Еболата во Западна Африка уби над 8.000 лица

Еболата во Западна Африка уби над 8.000 лица

Над 8.000 лица починале поради епидемијата на ебола во Западна Африка минатата година, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Вкупниот број на потврдени смртни случаи до 31 декември изнесува 7.989 лица. Од нив 2.827 се во Сиера Леоне, 3.423 во Либерија и 1.739 се во Гвинеја. Вкупно во трите земји до денеска имало 20.381 случаи на заболени.

– Светот може да ја искорени еболата оваа година, но претстојат уште месеци работа, истакна Антони Банбери, досегашен раководител на мисијата на ОН за борба против епидемијата.