вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 53

ЕБОР ќе ги поврзе енергетските пазари на Албанија и Македонија со ЕУ

The EBRD's 2011 Annual Meeting in Astana, Kazakhstan, 20-21 May 2011

Последни вести

ЕБОР ќе ги поврзе енергетските пазари на Албанија и Македонија со ЕУ. Овозможено e целосно прекугранично поврзување со 400 кВ далновод на источно-западниот коридор за пренос на електричната енергија за Европската Унија.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поддржува регионалната интеграција на пазарите на енергија на Западен Балкан. Банката обезбедува кредит до 37 милиони евра за изградба на првата интерконекција на електрична енергија помеѓу Албанија и Македонија, и воведува подобрувања на ефикасноста на мрежата на инфраструктурата на МЕПСО, Македонскиот оператор на електро-преносниот систем.

Овој проект е дел од иницијативата на Европската Комисија, за воспоставување на пренослив коридор на електрична енергија исток-запад, помеѓу Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Италија, вклучувајќи го и планираниот подморски кабел од Црна Гора кон Италија. Ова претставува важен чекор кон воспоставување на регионалниот пазар на електрична енергија. Ефикасноста на компонентите на мрежата, реализирани од МЕПСО, ќе обезбедат пренос на енергетски ефикасна електричната енергија и користење на најдобрите расположиви технологии.

Поддршката на круцијалната меѓугранична инфраструктура и создавањето на поголеми интегрирани енергетски пазари, ја зголемува безбедноста на енергијата. Тоа претставува еден од приоритетите на ЕБОР, во енергетскиот сектор на Западен Балкан.

Банката ќе обезбеди кредит на Македонскиот оператор на електо-преносниот систем (МЕПСО), акционерско друштво, одговорно за пренос на електрична енергија и контрола на електричната енергија во земјата. Финансирањето ќе ја поддржи изградбата на македонскиот дел од планираната прекугранична конекција со електрична енергија од 400 кВ. Истото ќе послужи за изградба на инфраструктурата на пренос, од југо-западниот дел на земјата, од Битола, до албанската граница, со подстаница во Охрид, проследено со имплементирање на компоненти на ефикасност на мрежата.

МЕПСО ќе ја користи и новоразвиената платформа за електронско тендерирање со клиенти (ЕТК) за договори за тендери, со цел да ја зголеми транспарентноста и ефикасноста на работењето.

Проектот доби техничка помош од Инвестициската програма на Западен Балкан (ИПЗБ) за финансирање на студија на изводливост, проценка на еколошкото и социјалното влијание, и подготовката на главниот нацрт на проектот. Независно од ова, ЕУ го кофинансира новиот проектот со грант од 12 милиони евра, обезбедени од Пред-пристапната програма за Западен Балкан за 2015.

Обезбедени се и средства од техничките фондови за соработка од Луксембург, наменети за имплементирање на доброто корпоративно управување во МЕПСО.

mepso-zavrsheni-75-otsto-od-gradezhnite-raboti-na-makedonsko-srpskiot-dalekuvod-1

Ова претставува важна инвестиција која ја промовира енергетската безбедност и развојот на регионалните пазари на електрична енергија. Изградбата на новиот далновод ќе го поврзе македонскиот пазар на електрична енергија, каде доминира користење на електрична енергија од термо-централи, со албанскиот пазар на електрична енергија, каде се доминантни хидро-централите. Ова ќе го подобри балансирањето на двата система на електрична енергија, ќе ги намали оперативните трошоци и ќе го поттикне користењето на обновливи енергии, изјави Холгер Муент, Директор на ЕБОР за Западен Балкан.

Македонскиот и албанскиот пазар на електрична енергија ќе имаат значаен бенефит, со изградбата на далноводот. Ми претставува задоволство што имаме плодна соработка со ЕБОР, и благодарен сум на постојаната поддршка за развој на македонскиот енергетски сектор и реализацијата на енергетските инфраструктурни проекти, истакна Беким Незири, македонскиот Министер за економија.

Енергијата е стратешки сектор во секоја земја, витална за сите аспекти на секојдневното живеење на луѓето и развој на сите други сектори на економијата. ЕУ обезбедува значајна поддршка на овој сектор преку програмата на ИПА и преку Инвестициската програма за Западен Балкан, што подразбира обезбедување на финансирање и техничка помош на стратешките инвестиции, додаде Аиво Орав, Амбасадор на Делегацијата на Европската Унија.

Ни претставува задоволство што ја продолжуваме нашата успешна соработка со ЕБОР. Со овој нов регионален проект, МЕПСО ги поврзува земјите на Западен Балкан и го подобрува снабдувањето со електрична енергија во регионот, нагласи Синиша Спасов, Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор на МЕПСО.

ЕБОР започна да инвестира во македонската економија во 1993 година. До денес во земјата, има потпишано над 90 проекти од јавниот и приватниот сектор во вредност од над 1,5 милијарди евра.

 

Најчитани вести