ЕБОР предвидува интензивен раст на македонската економија во 2015 и 2016 година

Како што посочуваат од ЕБОР, растечките бројки во делот на извозот, значително зголемени во првата половина од годината, се главниот двигател на ваквите економски резултати, кои се едни од најдобрите во регионот.

Сепак, оттаму нагласуваат дека, значајни негативни ризици произлегуваат од внатрешно-политичките проблеми и големиот раст на јавниот долг.

Во принцип, прогнозата за економиите каде што инвестира ЕБОР, останува поделена, при што земјите географски поисточно, се наоѓаат под поголемо влијание од руската рецесија, како и ниските цени на нафтата и на другите производи. Регионите позападно, имаат придобивки од нагорниот тренд во еврозоната и влијанието на приспособливите монетарни политики на Европската централна банка, се вели во соопштението.

ebor-prognozi-1

Според најновиот извештај на ЕБОР за Регионална економска иднина, растот на целиот регион се очекува да се забави за само 0,2 отсто оваа година, од 1,8 отсто во 2014 година. Умерен раст од 1,6 отсто се очекува во 2016 година. Овие предвидувања се непроменети од мај, но со нив се прикриваат регионалните разлики.

Се очекува…