ЕБОР предвидува интензивен раст на македонската економија во 2015 и 2016 година

Се очекува украинската економија да се намали за 11,5 отсто во 2015 година, што претставува влошување од четири процентни поени, во споредба со прогнозите од мај годинава.

Во моментов, по пет последователни години на забавен раст, можеби ќе видиме некаков пресврт во 2016 година. Како и да е, значајните негативни ризици остануваат како недостатоци, вели Ханс Петер Ланкес, Главен економист на ЕБОР.

Во извештајот, како еден од ризиците за поострото забавување на економските резултати во Кина, е зголемувањето на каматните стапки во САД, кое беше поголемо од очекуваното. Влијание имаат и политичката нестабилност, геополитичките тензии и нерамномерното спроведувањето на програмата за финансиска помош на Грција.

Извештајот истакнува дека бегалската криза која остро се засили во 2015, влијае врз економиите на голем број земји.

Од земјите „први на удар“ од оваа криза, се проценува дека Турција примила повеќе од два милиони бегалци, а во Јордан нивниот број изнесува речиси една петтина од населението. Во некои случаи, овој масовен прилив, доведува до отежнување на јавните услуги, владините финансии и пазарите на трудот.

Транзитните земји во југо-источна Европа, кои обезбедуваат медицинска и социјална заштита, храна, вода и сместување за бегалците, се соочуваат со логистички и фискални предизвици.

Гледано регионално…