ЕБОР предвидува интензивен раст на македонската економија во 2015 и 2016 година

Гледано регионално, во извештајот на ЕБОР се предвидува релативно силна перспектива за централна Европа и балтичките земји, која е поддржана од квантитативното олеснување во Еврозоната и пониските цени на производите, кои овозможуваат полесни монетарни услови во регионот.

Очекуваната просечна стапка на раст од околу 3 проценти во 2015 и 2016 година предвидува континуирана, иако бавна, конвергенција на нивоата на приходи со оние на развиените економии, се вели во извештајот.

Економиите во југо-источна Европа, исто така имаат придобивки од квантитативното олеснување во Европа, послабото евро и пониските цени на нафтата. Генерално, се очекува растот да почне да се зголемува во 2015 година, а да се одржува во 2016 година. Развојот на економијата на Грција се очекува да се намалува во оваа и во следната година.

Економската прогноза за источна Европа и Кавказ  за 2015 година, под влијание на излевањето на последиците од рецесијата во Русија и поради подлабоката рецесија во Украина и Белорусија, е влошена.

Се очекува Украина повторно да бележи раст во 2016 година. Се чини дека економијата го достигна дното во средината на годината и дека е на пат кон постепено закрепнување. Програмата на ММФ во Украина, во голема мера се спроведува според предвидувањата.

Растот во Турција се предвидува да остане непроменет, со 3 отсто во 2015 година и 2,8 отсто во 2016 година, што е под долгорочниот потенцијал на земјата. Слабата домашна побарувачка, може делумно да се компензира, со подобрување на извозот во 2016 година, затоа што обновувањето во Еврозоната го поддржува извозот, а послабата домашна побарувачка и пониските цени на производите ги намалуваат сметките за увоз.

Во извештајот се истакнува дека Турција е особено ранлива на заканата за одливи на капитал, кои влијаат на новите пазари, со оглед на очекуваните зголемувања на каматните стапки во САД.

Во Русија, се очекува производството да се намали за 4,2 отсто во 2015 година и за 1,2 отсто во 2016 година. Потрошувачката и инвестициите ќе опаднат, со оглед на значително пониските цени на нафтата, со што ќе се интензивираат структурните проблеми и влијанието од економски санкции.

Во 2016 година, се очекува рецесијата да се ублажи со прилагодување на економијата на пониски цени на нафтата.

Растот во централна Азија се очекува значително да забави во 2015-2016 година, во споредба со 2014 година, за сметка на намалените цени на производите и силните економски врски на регионот со Русија.

Како резултат на силните инвестиции во јужниот и источниот Медитеран, предвидувањата беа ревидирани и за Египет. Во Тунис прогнозите за раст се послаби, заради влошувањето на условите во земјата, а регионалните безбедносни проблеми ја влошуваат состојбата за Јордан. Силните позитивни резултати во земјоделството, се очекува да го зголемат растот во Мароко на 4,9 отсто во 2015 година. Во 2016 година, се предвидува растот да забави и да изнесува 3,8 отсто.