ЕБОР ќе чека да се исполнат сите услови за изградба на „Бошков мост“

ЕЛЕМ и ЕБОР продолжуваат да бидат посветени кон имплементирање на проектот за хидро централата „Бошков мост“, откако ќе бидат соодветно разрешени сите предуслови поврзани со еколошката одржливост на проектот.

Финансирањето на ЕБОР е условено од повеќе параметри при исплатата на средствата, вклучувајќи специфични еколошки и социјални предуслови, вклучени во Акциониот план за екологија и социјални услови на самиот проект.
ЕБОР потврдува дека подготвителните работи за усогласување со барањата за еколошките и социјалните стандарди се во тек. ЕЛЕМ и надворешните експерти превземаат изработка на натамошни студии за биоразноликоста и вложуваат значајни напори кон финализирање на потребните дополнителни студии, согласно регулативите на ЕУ.
Во насока на имплементирање на активностите, потребни согласно Акциониот план за екологија и социјални услови, ЕЛЕМ и ЕБОР ќе продолжат да соработуваат со заинтересираните организации и експерти од релевантната област, со цел да се земат во предвид научно заснованите совети и најдобрите пракси во подготовката, намалувањето на ризиците и мониторингот на активностите околу проектот.

ЕБОР е во сопственост на 64 држави и две меѓувалдини институции, која го поддржува развојот на пазарните економии и демократиите.