ЕБОР поддржува оддржлив развој на македонските државни патишта

Потпишан договор со ЕБОР за финансирање на експресниот пат Штип-Кочани
Потпишан договор со ЕБОР за финансирање на експресниот пат Штип-Кочани

Ние ја гледаме потребата за развој на инфраструктурата во земјата како еден од клучните приоритети за ЕБОР во Македонија. Добро развиени и современи регионални транспортни конекции ќе го зајакнат регионот и ќе го подобрат пристапот на оддалечените области до поголемите пазари. Во прилог на ова, подобрениот дизајн на продолжувањето на патот ќе резултира во значајно зголемување на безбедоста, изјави Бенет по потпишувањето на Договорот.

Тој напомена дека ЕБОР почна да инвестира во македонската економија во 1993 година. До денес, во земјата има потпишано речиси 100 проекти со нето кумулативен износ од над 1,5 милијарди евра.

Потпишан договор со ЕБОР за финансирање на експресниот пат Штип-Кочани
Потпишан договор со ЕБОР за финансирање на експресниот пат Штип-Кочани

Вицепремиерот Ставрески, изрази благодараност за поддршката на ЕБОР во овој многу важен државен проект.

Поврзувањето на македонските региони, преку националните патишта и меѓународните конекции го гледаме како економски приоритет. Овој проект е од корист за сите ѓраѓани на Македонија и носи одржлив економски развој, рече тој.

Нагласи дека овој проект има две главни цели. Првата, како што рече, е насочена кон агендата за подобрување на конкурентноста, бидејќи за копнените земји како што е Македонија од клучна важност е подобрувањето на инфраструктурата за да се подобри конкурентноста на економијата и за да се подобрат условите за инвеститорите.

Втората цел…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.