ЕБОР помага да се подобрат македонските национални патишта

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја подобрува регионалната поврзаност на Западен Балкан со финансирање на изградба и реконструција на два дела од државните патишта во Македонија.

Кредит во износ до 160 милиони евра одобрен на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), компанија во сопственост на Република Македонија и надлежна за управување и одржување на државната и регионалната патна мрежа во државата. Кредитот ќе биде обезбеден со државна гаранција и ќе биде пласиран во две транши.

Првата транша во износ од 74 милиони евра, ќе биде искористена за реконструкција на патниот правец помеѓу Штип и Кочани, како и изградба на патниот дел помеѓу селата во централниот дел од земјата, Раец и Дреново. Од 2001 година, ова претставува четврта инвестиција на ЕБОР во македонскиот патен сектор.

Клучен елемент на инвестицијата е подобрување на безбедноста на патиштата. Покрај обезбедувањето на подобри патишта, ќе се надгради и капацитетот и ќе се направат безбедносни ревизии. Дополнителни финанисирања се обезбедени и од Централната Европска Иницијатива.

– Ја гледаме потребата од развој на инфраструктурата во земјата како еден од клучните приоритети на ЕБОР во Македонија. Големите инвестиции во транспортната инфраструктура се од големо значење за регионалната интеграција на земјата, кои се основа за промовирање на растот и просперитетот. Ни претставува задоволство да помогнеме да се прошири и подобри македонската патна инфраструктура, и со тоа да се зголеми стандардот во рамка со најдобрите практики, рече Су Барет, Директор на транспорт во ЕБОР.

– Добро развиената и современа инфраструктура е критична во постигнувањето на одржливиот економски развој. Ова е витално за регионот на Западен Балкан, каде се во изградба новите патни врски, кои ги поврзуваат не само земјите во регионот, туку и останатиот дел од Европа, со тоа остварувајќи ги аспирациите да станат интегрален дел од Европа. Македонските државни патишта се главната конекција на регионалните економски центри и стратешките меѓународни гранични премини со Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија, истакна Анка Јоана Јонеску, Шеф на канцеларијата на ЕБОР Скопје.

– Ни претставува задоволство да развиваме силно долгорочно партнерство со ЕБОР. Приоритетно е да ги поврземе македонските региони преку националните и меѓународните конекции. Овој проект е од корист за жителите на Македонија и им помага да ја поттикнат трговијата и да создадат нови работни места, рече Љупчо Георгиевски, Генерален Директор на ЈПДП.

ЕБОР започна со инвестирање во македонската економија во 1993 година. До денес во земјата, има потпишано над 90 проекти, со нето кумулативен бизнис волумен од над 1,2 милијарди евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.