ЕБОР поттикнува користење советодавна помош и трансфер на знаење кај фирмите

Информативна кампања за вредноста на бизнис советувањето и трансфер на практично знаење за малите и средни претпријатија започнува Европската банка за обнова и развој.

Кампањата ќе започне со три настани во Тетово, Битола и Скопје.

Целта н оваа кампања е да се истакне вредноста на знаењето за раст на бизнисот и постигнување комерцијален успех, како и на чекорите како да се дојде до практично знаење на субвенционирана основа со помош од ЕБОР.

ЕБОР помага на малите и средните претпријатија во Македонија и им овозможува пристап до бизнис советување од 1998 година, со донаторска финансиска поддршка од ЕБОР, Европската Унија, Велика Британија, Холандија, Централно европската иницијатива (ЦЕИ), Португалија, Норвешка, Луксембург и други билатерални донатори.

Досега околу 600 мали и средни компании имаат добиено поддршка за нивниот раст и отварање на нови работни места.