Македонија,Економија

ЕБОР: Раст на македонската економија од три отсто во 2014-та

ЕБОР: Раст на македонската економија од три отсто во 2014-та

Македонската економија оваа година ќе забележи раст од три отсто, покажува најновиот извештај на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Во овој извештај, ЕБОР за Македонија нотира дека растот на економијата во текот на минатата година бил воден од странските инвестиции и зголемениот извоз. За тековната година, ЕБОР наведува дека Македонија ќе забележи економски раст од три отсто, кој што ќе биде базиран пред се’ на странските и домашните инвестиции, домашната потрошувачка и зголемиот извоз.

Косово ќе биде единствена земја од регионот за која се предвидува економски раст од 3,5 отсто на годишно ниво, додека најновата земја членка на Европската унија, Хрватска, ќе забележи најскромен раст од само еден отсто.

За економскиoт раст на земјите од регионот, според ЕБОР, потребно е спроведување на структурни реформи со цел да се намалат нефункционалните кредити во банките и анулирање на високата стапка на невработеност, а во 2014-та година ќе забележи раст од 2,7 отсто, во споредба со два отсто од стапката во текот на 2013-та година.

Развиените економии, покажува извештајот, се’ уште ќе се борат со последиците од кризата, како што е одливот на капитал на новите пазари. По последните прогнози од ноември минатата година досега, изгледите за раст на земјите во транзиција ќе остане непроменета.