Македонија

ЕБОР се фали со партнерството со Македонија

ЕБОР се фали со партнерството со Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вчера  во Виена оствари средба со претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти.

Како што јавуваат од владината прес служба, на средбата било дискутирано за поголем број на тековни проекти, но и за можностите за соработка на идни проекти кои се од интерес за земјата и за регионот. Акцент бил ставен на динамиката на реализацијата на тековните проекти од областa на патната и железничката инфраструктура, кои се во вредност од 305 милиони евра.

Sredba Gruevski - Cakrabarti_2Премиерот Груевски истакна позитивна оценка за значајност на изградбата на патиштата и железничката мрежа кои се реализираат во соработка со ЕБОР.

– Средбата беше добра можност да се заблагодарам за неодамна одобреното финансирање за 5 крупни проекти во Република Македонија во износ од 305 милиони евра. Едниот дел е за железницата и тоа за втората фаза од градбата на пругата кон Бугарија, а вториот дел е за градбата на четири патишта, од кои два се градби, реконструкции и проширувања на патот Штип – Кочани и патот Прилеп – Градско кои треба да започнат кон средината на 2015 година, а вторите два се градби на нови патишта и тоа патот Струга – Требениште и патот Охрид – Пештани кои треба да започнат до крајот на 2015 година или во 2016 година. Разговаравме и за следниот проект од соработката со ЕБРД, а тоа е гасификационата мрежа, односно мрежа на цевки помеѓу градовите во Македонија. За овој проект имаме подолг период на разговори, и веќе сме во очекување да видиме дали ќе ги издоговориме сите детали во наредниот период. Ние имаме контакти и со други можни поддржувачи на овој проект, така да наредниот месец до два ќе знаеме дали ќе го реализираме овој проект со ЕБОР или со некои други институции кои би биле спремни да го финансираат“, изјави премиерот Груевски по средбата.

Претседателот на ЕБОР Чакрабарти изрази задоволство од досегашната соработка и ја истакна подготвеноста за дополнителна поддршка на проекти кои се од интерес за Република Македонија.

– Соработката со Македонија е едно од најпозитивните партнерства на ЕБОР. Оваа година е рекордна според нивото на инвестиции на ЕБОР во Македонија кои се во вредност од 240 милиони евра, и тоа инвестиции во два големи проекти во областа на градба на патишта, и градба на железницата од коридорот 8 на кој што сум горд бидејќи се работи за значаен проект за меѓуграничната и регионалната соработка со кој што Македонија покажува лидерство. И за во иднина имаме многу добри проекти за соработка не само во инфраструктурата, туку и во областа на енергетиката, поточно во делот на гасификацијата, изјави Чакрабарти по средбата.