ЕБОР стана акционер во проектот за рудникот Иловица

ЕБОР поддржува компанија во секторот за ископување на руда во Македонија

Инвестиција во акционерскиот капитал

која ќе помогне во подготовката

на ископите на резервите на бакар и злато во Иловица

————————-

 

 

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпиша договор за упис на акции, под неброкерско приватно пласирање, со „Еуромакс Рисорсис Лтд“, канадска компанија за испитување и ископувања на рудници, која ги менаџира испитувањата на Иловица, рудник за бакар и злато, во југо-источниот дел на Македонија.

Под инвестициски услови, ЕБОР ќе запише обични акции на компанијата, кои ќе претставуваат околу 20 отсто, минус една акција, од издадениот и преостанатиот акционерски капитал на компанијата на неделива основа, за износ од 5 милиони американски долари претворени во еквивалентен износ на канадски долари. Со овој пласман, ќе се олесни, искористувањето на 175 милиони американски долари од стриминг* договорот помеѓу Еуромакс и РГЛД АГ, подружница во целосна сопственост на Ројал Голд, Инк.

Запишувањето од страна на ЕБОР, ќе се искористи за да се финансира подготовката на задоволителна физибилити студија и финансирање на работите поврзани со подготвителнот инжињеринг и дизајн, кои се клучен дел во натамошното искористување и ископување на резервите на бакар и злато во Иловица, која има потенцијал да стане најголемиот гринфилд развоен проект за ископ на руда  на Балканот, во последните 30 години.

Со овој проект ЕБОР ќе ја промовира најдобрата пракса на еколошко управување и општествен ангажман. Ова ќе биде првиот пред-развоен проект во регионот, кој ќе биде финансиран со користење на стриминг финансирањето, финансиски метод кој е популарен во Австралија и во двете Америки, за финансирање на ископувањата и развојотот на проекти за скапоцени метали.

– Ни претставува гордост што поддржуваме одговорна компанија за рударство и ископи, признаена во Македонија и во регионот. Ова е важна трансакција за ЕБОР, бидејќи е прва инвестиција на банката, направена во програмата за истовремено стриминг финансирање, обезбедено од РГЛД АГ. Значењето на овој проект за ЕБОР се протега не само во Македонија, туку и во регионот”, изјави Ерик Расмусен, Директор на Природни ресурси, во ЕБОР.

 

-Проектот ќе помогне во натамошниот развој на македонското стопанство, придонесувајќи и за иновативноста. ЕБОР е горд што ќе работи со нови приватни инвеститори и што ќе ги збогати пазарните можностите,  изјави Анка Јоана Јонеску, Шеф на ЕБОР за Македонија.

– Ни претставува задоволство да му посакаме добредојде на ЕБОР, во нашиот регистар на акционери. ЕБОР има значајни инвестиции во Македонија и во регионот, а нејзиното учество, после сеопфатни технички и општествени проверки, е натамошно признание за проектот Иловица. Се обидувавме да трасираме уникатен пат во начинот на кој го развиваме финансирањето на Иловица, соочени со предизвикувачките пазари на акционерски капитал, во новокреираниот сектор на ресурси. Фактот што успеавме да го донесеме Ројал Голд и ЕБОР, не само што додава значаен кредибилитет на наште планови, туку претставува и значаен фактор на намалување на ризикот во развојот на Иловица,  истакна Стив Шарп, Претседател и Главен и извршен директор на Еуромакс.

ЕБОР започна со инвестиции во македонската економија во 1993 година. До денес има потпишано над 90 проекти во земјата, со нето кумулативен деловен обем од над 1,5 милијарда евра.