ЕБРД и КХВ ги промомовираа иновациите во македонскиот пазар на капитал

Европската банка за обнова и развор (ЕБОР) и Македонската комисија за хартии од вредност (КХВ), автономно регулаторно тело ќе го поттикнат развојот на локални пазари на капитал со иновативен проект кој ќе ги зајакне регулаторните рамки и ќе го подобри квалитетот на надзорот врз локалниот пазар на хартии од вредност.

Со грант за техничка поддршка од 110.000 евра ЕБРД ќе помогне да се изгради релевантна финансиска инфраструктура и регулатива која ќе го направи локалниот пазар на капитал во земјата потранспарентен и поефикасен. Финансирањето ќе помогне да се воспостави соодветен софтвер и да се изградат капацитети во КХВ со што ќе се зајакнат надзорните капацитети на регулаторното тело, според ЕБРД.

Со воведувањето на новиот софтвер Комисијата ќе добие точен, безбеден извор на информации од учесниците во локалниот пазар на капитал. Новиот софтвер ќе обезбеди повисока ефикасност и подобри стандарди за известување, со што ќе и се помогне на македонската регулатива и легислатива за пазарот на капитал да се поврзе со директивите на ЕУ.

-Поддршката на развојот на локалниот пазар на капитал е еден од приоритетите на ЕБРД во Македонија. Ова е историски важен, иновативен проект за пазарот со хартии од вредност. Задоволни сме од тоа што гледаме дека проектот успешно се имплементира и би сакале да му се заблагодариме на нашиот партнер, Комисијата за хартии од вредност за нивната соработка и целосното завршување на проектот, вели Анка Јоана Јонеску, директорка на канцеларијата на ЕБРД во Скопје.

-Горди сме што соработуваме со ЕБРД на овој иновативен прокет. Веќе можеме да ги видиме придобивките од модернизацијата на софтверот, што ни овозможува да бидеме поефикасни и во чекор со еволуцијата на локалните пазари на капитал. Задоволство ни е да одиме чекор понатаму во нашата поврзаност со ЕБРД, изјави Елизабета Чингаровска, претседател на КХВ.

Комисијата за хартии од вредност во Македонија е независно регулаторно тело кое има статус на правно тело, задолжено за имплементирање на законот за хартии од вредност, инвестициски фондови и законот за превземање, како и сите подзаконски акти засновани на овие закони.

ЕБРД беше активна во развојот на локалните регионални пазари на капитал, обезбедувајќи поддршка за ЈИЕ Линк, здружената компанија воспоставена од Бугарската, Македонската и Хрватската берза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.