Свет

ЕБРД вложила 1,65 милијарди евра во регионот

ЕБРД  вложила 1,65 милијарди евра во регионот

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) соопшти дека во текот минатата година вложила 1,65 милијарди евра во југоисточна Европа.

Во текот на 2012-тата, банката вложила 1,5 милијарди евра во тој регион кој, како што се укажува во соопштението, што е подложен на лоши ефекти од проблемите во евро зоната.

ЕБРД ширум светот во 2013-та година инвестирала 8,5 милијарди евра, додека тој износ во 2012-тата тој износ бил 8,9 милијарди евра.

Тие средства лани биле обезбедени и покрај стравот на странските инвеститори поради продолжената економска криза.

„Минатата година беше година на предизвици за инвестирање, и ЕБРД е многу задоволна што успеа да им овозможи поддршка на земјите во кои функционира, во нивните напори да се заштити од последиците на кризата“, рекол претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти.