ЕБРД за регионот: Енергетика, одржливост, врски со Азија

Четврт век од падот на комунизмот во источна Европа, ЕУ се промени и се сврте кон истокот. Политичките поместувања ги следеа и банките, воглавном западните. Економијата во голема мерка зависи од случувањата во Европа, а на нејзиниот понатамошен напредок ќе влијаат и реформите кои ќе се потпираат на јакнење на приватниот сектор и средниот слој, се согласуваат експертите на ЕБРД, на овогодинешниот собир на ЕБРД одржан е во Варшава во текот на месец мај. ЕБРД дејствува со 66 земји и го поттикнува економскиот натпревар и развојот на пазарите. Македонија е дел од групата на земји кои ги опфаќа проектот Југоисточна Европа.

На одржаниот годишен собир на ЕБРД , биле дискутирани повеќе теми оценети како круцијални за регионот на Југоисточна Европа и понатамошниот развој, помеѓу кои: забрзување на развојот на инфраструктурата, транзиција на енергетскиот сектор – безбедност достапност и климатски промени, одржливост на животната средина, поврзување на новата Европа и Азија, растечката економска поврзаност и продлабочување на трговските, инвестиционите, финансиските и другите врски со Азија, растечката важност на институционалните инвеститори во новосоздадените економски услови, како и прашањето за учеството на жените во економијата и глобалното ревидирање и рекомпонирање на банкарскиот сектор во насока на прилагодување кон одржливост.

Дискусиите на собирот ги разгледуваат најактуелните прашања произлезени од согледувањата и анализите на банкарските експерти, па помеѓу другото, биле изнесени разни увиди во актуелните состојби.

Во минатото, економските врски помеѓу Европа и Азија беа воспоставени првенствено на ниво на развиените земји (на пример: Јапонија, Сингапур и јадрото економии во ЕУ). Овој модел се менува брзо, со зголемување на директните врски помеѓу новите пазари во Азија и во Европа.

Банките од целиот свет се соочуваат со зголемување на ораничувањата во капиталот, што резултира во менувањето на акцентот на одредени активности и намален апетит за долгорочно кредитирање на корпоративниот и инфраструктурните сектори.

На собирот, внимание беше посветено и на растечката важност на институционалните инвеститори во развојот на пазарите на капитал во економиите во транзиција. Инвеститори, како што се пензиски фондови, суверени фондови на осигурителни компании и менаџери имаат способност да врши значајно влијание врз капиталните текови во регионот. Промените во формата на инвеститорите во земјите од југоисточна Европа донесува предизвици за стабилноста и продуктивноста на инвестиционата заедница и мобилизацијата на средства за поддршка и економски развој, што е основен предмет на цел на ЕБРД.

Во оваа прилика биле отворени и најгорливите прашања како што се еластичноста на финансискиот систем и способноста за поддршка на одржлив економски раст, основните насоки на движење на банкарскиот сектор земајќи ги предвид новите услови на работење во светски рамки.

Конечно, на собирот, било посветено време и за дебатата за начинот на кој треба да реагираат владите, бизнисот и општеството за подобрување на позицијата на жените по прашањето на учеството на жените во управните одбори и корпоративното раководење.

Дваесет и пет години од падот на Берлинскиот ѕид и скоро десет години од проширувањето на Европската Унија, земјите од источна Европа доживеаја драматични промени, но сеуште го немаат достигнато стандардот на западните членки.

Иако сопственичката состојба на домаќинствата на жителите на југоисточна Европа од 2004 година двојно се зголемила и сега изнесува 783 милијарди евра, економската криза си го стори своето, па граѓаните на овие држави се задолжуваат со поголема внимателност и тоа најчесто заради купување на станови или израдба на куќи.

После наездата на потрошувачки кредити во земјите од поранешниот источен блок, станбените кредити се во раст побрзо од потрошувачките.

„Мислам дека тенденцијата на задолжување заради купување на недвижности во земјите од источниот блок ќе се задржат и во наредниот период, придобивме дури милион и четиристотини илјади нови клиенти“, рекол Џани Франко Папа, директор на Уникредит Банка за Југоисточна Европа.

Кога станува збор за регионот, Папа вели дека гледаат голема шанса за јакнење бидејќи и сега во време на криза, Уникредит Банка има голема добивка.

Освен комерцијалните банки значајна улога во финансирањето на инфраструктурата, особено во земјите во транзиција и поранешниот Советски Сојуз, имаше Европската банка за обнова и развој. Таа , само кај нашиот север сосед, Србија потроши милијарда евра.

Меѓутоа, после 25 години од падот на Берлинскиот ѕид и приближувањето на Источна Европа кон Европската Унија резултатот е следен: Осум земји и нивните домаќинства кои пред десет години влегоа во ЕУ како членки имаат дури 25 отсто од просечната сопственост на домаќинсвата на развиените земја од Западна Европа.

„Мислам дека многу промени се позитивни бидејќи луѓето почнаа да размислуваат на пазарен начин, превземаат и споделуваат ризик, не очекуваат од државата. Иако кризата сепак си го створи своето, не ги користиме доволно капацитетите на Унијата“ вели новинарката Марија Иванова, од Бугарија.

Економија во регионот во многу работи зависи од случувањата во Европа, а секако влијание има и кризата во Украина преку своето што е видливо во новите проценките за раст на бруто домашниот производ кои ги прават екпертите во банките, а се однесуваат на земјите од Југоисточна Европа. Сепак владите од регионот и екпертите на ЕБРД се согласни дека понатамошниот напредок зависи од реформите кои ќе се потрпираат на јакнење на приватниот сектор и средниот слој, кој знае да заработи, а има и што да потроши, еден од заклучоците изнесени од овој настан.