Свет

ЕЦБ се подготвува за излегувањето на Грција од еврозоната

ЕЦБ се подготвува за излегувањето на Грција од еврозоната

Европската централна банка се подготвува за излегување на Грција од еврозоната, објави денеска електронското издание на Шпигел, пренесе МИА.

Финансискиот регулатор веќе разработува анализи како да се спречи „домино ефект“ по евентуалното излегување на Грција од валутната унија.

Во ЕЦБ спроведуваат внатрешни „вежби“ на тема зачувување на единството на останатиот дел од еврозоната, додава весникот.

ЕЦБ и покрај тоа што негира, ја притиска Атина да воведе мерки за контрола на движењето на капиталот бидејќи според нив, во странство се префрлени над една милијарда евра.

ММФ пак оценува дека останатиот дел од еврозоната ќе може да се справи со излегување на Грција од еврозоната. Шпигел додава дека според Фондот, излегувањето на Атина од еврозоната ќе биде поврзано со многу повисоки расходи отколку ако државата ги продолжи почнатите реформи.