ЕЦДЦ педупредува дека невакцинирањето доведува до опасни епидеми од сипаници во Европа

Неоволната вакцинираност на населението од мали сипаници доведе до неколку тешки случаи на епидемија од сипаници во Европа минатата 2016 година кои ги погодија децата и помладите возрасни лица, предупреди во понеделникот Европската агенција за превенција и контрола на болестите (ECDC- ЕЦДЦ).

Во текот на јануари и февруари 2017 година во 14 европски земји се регистрирани повеќе од 1.500 случаи на сипаници, поради сé поголемиот број лица кои не се вакцинирани, објави ЕЦДЦ.

Во десет европски земји, Австрија, Белгија, Германија, Италија, Полска, Романија, Франција, Хрвтатска, Шведска и Шпанија двојно се зголемил бројот на пријавените случаи од оваа болест во првите два месеца од годинава споредено со истите два месеци и од минатата година.

Од 1 март 2016 до 28 февраури 2017 година во Европа се регистрирани 5.881 случај на сипаници, од што дури 46 отсто во Романија, 24 проценти во Италија и 9 отсто во Велика Британија.

 

„Неприфатливо е да се молчи дека децата и возрасните умираат од болести за коишти постојат сигурни и пристапни вакцини“, порача во писмената изјава европскиот комесар за здравје, Витенис Андриукаитис по објавувањето на споменатите податоци.

 

Сипаниците се високозаразна болест којашто ја шири вирусот кој се пренесува со директен контакт или преку воздухот. Може да се спречи со безбедни и ефикасни вакцинирања, меѓутоа поради недоволната вакцинираност сипаниците и натаму остануваат најголем убиец на децата ширум светот. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), ова заболување во 2015 година било причина за смртни случаи кај 134.000 луѓе во светот.

Според извештајот на ЕЦДЦ, во последните епидемии од сипаници во Европа најмногу загрижува тоа што не се зафатени само мали деца, туку и повозрасните старосни групи. Во текот на 2015 и на 2016 година третината од сите случаи на сипаници се забележани кај лица повозрасни од 20 години. Затоа од организацијата предупредуваат дека решавањето на проблемот со невакцинирањето на адолесцентите и возрасните лица, како и потемелните програми за вакцинирање во детството ќе бидат клучни за спречувње на вакви епидемии во иднина.

Довербата на јавноста во вакцините претставува важен глобален проблем на јавното здравство, а падот на довербата доведува до одбивање на вакцинацијата којашто спасува животи. Според експертите, негативните ставови се последица на контроверзиите околу сомнителните нус-појави и двоумењето на семејните лекари.

Многу возрасни лица погрешно се убедени дека од сипаниците може да заболат само децата, предупредуваат од ЕЦДЦ. За успешно контролирање на сипаниците неопходна е стапка на вакцинираност на населението од најмалку 95 отсто со две дози. Податоците покажуваат дека во 2015 година од 23 европски земји вакцинираноста со втората доза била под 95 отсто, додека вакцинираноста со првата доза била под 95 проценти во 12 од 27 земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.