Economist: Аеродромите се преименуваат за да се нервираат соседите

Феноменот на именување и преименување на балканските аеродроми само за да се изнервираат соседите , стана интерсна тема и за британскиот неделник The Ekonomist.

Сѐ започна со Грците, пишува Економист, и додава дека во уште 1992 година аеродормот во Солун го нарекоа „Македонија“, за инает на штотуку формираната независна македонска држава. Подоцна во 2007–та , Македонците скопскиот аеродром го именуваа „Александар Велики“, со што ги израмнија сметките со Грција.

Весникот го наведува примерот и со реновираниот аердром во Загреб, кој од Плесо е преименуван во „Фрањо Туѓман“, во чест на челникот на хрватската независност во 1990-те. Неделникот постетува дека Туѓман во деведесетите години водел крвава војна против хрватските Срби, а војната завршила со протерување на голем дел од српското етничко население.

Голем број Срби во 1995 година беа протерани од Хрватска, a весникот наведува дека меѓу протераните биле и роднини на Тесла, кој е Србин роден 1856 година на територија на денешна Хрватска, но емигрирал во САД. И Србите и Хрватите го сметаат за свој, а од 2006 година, белградскиот аеродром го носи неговото име, што дополнително им пречи на Хрватите кои Тесла го сметаат за Хрват, а струјата за хрвтски изум.

Слична е приказната и со аердромот во Приштина. Осумнаесет години по завршувањето на косовската војна не можете да летате од „Никола Тесла“ до „Адем Јашари“, пишува весникот. Косовскиот аердром го добил името по еден од основачите на паравоента ОВК, а денес Адем Јашари е херој за косовките Албанци, а демон за Србите, заклучува Economist.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.