Ед Ширан ангажиран во „Симпсонови“

Откако се појави во новата сезона на „Игра на тронови”, британскиот пејач веќе го позајми гласот и за лик од една од најдолгите анимирани серии во историјата, „Симпсонови”.

Идната 29-та сезона почнува со прикажување во октомври, а новиот лик на Ширан, Брендон ќе биде во љубовен триаголник со Лиса Симпсон и Нелсон Мунтз.

– Оваа година ќе биде подеднакво нереална и неверојатна, напиша Ширан на социјалните мрежи.

Извршниот продуцент Ал Џин изјави дека пејачот е совршен избор за таа улога, и дека го снимале преку телефон.

Освен овие две, Ед Ширан претходно имаше епизодни улоги во уште неколку фимови.