Еден месец од протестите во БиХ, состојбата и понатаму нестабилна

Еден месец од протестите во повеќе градови во Федерацијата Босна и Херцеговина, кои што во еден момент се претворија и во урнатини, четири од десет кантони останаа без извршна власт, а до денеска не се избрани нови.

Паднаа владите во Сараево, Тузла, Бихаќ и Зеница, нови не се одбрани и нема информации дека тоа може да се случи во догледно време.

Постојат реални шанси дека сегашниот „статус кво“ ќе се задржи до изборите во октомври, бидејќи кандидатите за мандатари кои истакнуваат одредени партии и групи граѓани, собрани во пленуми, немаат реални изгледи да обезбедат парламентарно мнозинство во ниту една кантона.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.