Еден месец затвор за шамарење на Бред Пит

Виталиј Седијук, шегаџијата кој ѕиркаше под здолништата на актерките на Канскиот фестивал и му „загњури“ со главата во препоните на Леонардо ди Каприо, ќе помине 30 дена во затвор поради неговиот последен „перформанс“.

Имено, светот беше шокиран кога непознат човек на премиерата на филмот „Grdane“ во Лос Анџелес му се приближи на Бред Пит го гушна,а потоа почна да му мава шамари и му ги скрши очилата. Кога откриле дека се работи за украинскиот шегобиец Виталиј сите мислеле дека тој ќе помине неказнето, бидејќи и претходно му се имало случено да нападне познати личности и да помине неказнето.

Но, на Виталиј му е изречена казна затвор во траење од 30 дена поради напад, претепување и недозволени активности, меѓу кои и одложување на премиера.

Седијук во моментот кога го удрил Брет Пит бил на условна казна поради пеење на бина заедно со Џенифер Лопез.