До крајот на годината уште еден милион Сиријци ќе ги напуштат домовите

Уште еден милион Сиријци ќе ги напуштат своите домови до крајот на годинава, доколку граѓанската војна во земјата продолжи со ист интензитет, предупредува хуманитарниот координатор на ОН за Сирија Јакуб ел Хило.

Сириските бегалци исто така, доколку не се преземе итна акција за решавање на конфликтот што ескалира, ќе продолжат да го напуштаат Блискиот Исток, истакнува Хило, пренесува Танјуг, повикувајќи се на британски „Гардијан“.

Претставник на ОН напоменува дека од почетокот на 2015-та досега се раселени повеќе од еден милион Сиријци и го повика светот да направи поголеми напори за Сиријците да ја пребродат зимата во нивната земја.

Хило предупредува дека сржавите соседи на Сирија што досега го апсорбираа најголемиот дел од бегалците од таа земја, дошле до кризна ситуација и дека поради тоа „Европа ќе биде соочена со ситуација слична на онаа што придонесе за основање на УНХЦР во 1950-тата година“.

До крајот на годината уште еден милион Сиријци ќе ги напуштат домовите
До крајот на годината уште еден милион Сиријци ќе ги напуштат домовите

Светската програма за храна (ВФП) за периодот од ноември нема ниту еден долар за обезбедување храна за петте милиони луѓе на кои што им е потребна таква помош во Сирија, истакнува Хило, додавајќи дека за задоволување на овие потреби до крајот на годината ќе бидат потребни најмалку 738 милиони долари.

Ние сеуште имаме можност да инвестираме и да им помогнеме на голем број Сиријци да останат во Сирија. Во спротивно „човечкиот воз“ ќе продолжи да оди во сите правци, вклучително и во Европа, напоменува Хило.

Откако во 2011-тата почна граѓанската војна во Сирија, животот го загубија 250.000 лица а половината Сиријци ги напуштија своите домови. Он днив, околу 7, 6 милиони се раселени во рамки на земјата, а четири милиони избегале надвор од границите на земјата.