Еден мртов, повеќе повредени во напад во Сиднеј

Едно лице е убиено, а две се ранети во оружен инцидент во една фабрика во Сиднеј, а по седумчасовната заложничка драма, напаѓачот бил убиен.

Инцидентот се случил во Инглебурн, индустриско предградие оддалечено 40 километри југозападно од Сиднеј, кога напаѓачот вооружен со автоматско оружје влегол во локалната фабрика.

Убил едно лице, две биле повредени и одвезени во локалната болница и се наоѓаат во стабилна состојба.

Во соопштението на полицијата на Нов Јужен Велс се наведува дека припадниците на силите на редот стигнале на местото на настанот каде што затекнале тројца луѓе со повреди од огнострелно оружје. Еден 43 годишен маж почина на лице место, додека другите двајца се префрлени во болница. Напаѓачот е убиен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.