Свет

Еден отсто од човештвото поседува над половина од вкупното богатство

Еден отсто од човештвото поседува над половина од вкупното богатство

Нееднаквоста продолжува да расте на глобално ниво и половина од светското богатство сега е во рацете на најбогатите луѓе кои претставуваат дури еден отсто од светската популација, наведува најновиот извештај на „Кредит суис“, пренесува МИА.

Трендот влијае на средната класа која постојано ја нагризуваат супербогаташи во голем дел од светот со исклучок на Кина каде првпат бројот на луѓе кои припаѓаат на средната класа (109 милиони) е поголем отколку во САД (92 милиони).

– Богатството на средната класа се зголеми со побавно темпо отколку на врвот, рече Тиѓан Тиам, извршен директор на „Кредит суис“. – Тоа го покрена трендот пред кризата во кој средната класа релативно постојано го одржуваше својот дел во богатството.

Порастот на нееднаквоста и промената во дистрибуцијата коиндицира со почетокот на финансиската криза во 2008 година, по која централните банки покренаа програма на квантитативно попуштање со надеж дека новосоздадените пари ќе пронајдат пат до реалната економија.

Значителен број економисти веднаш по усвојувањето на таквата монетарна политика предупреди дека таа силно ги погодува богатите.

– Нееднаквоста во богатството продолжи да расте од 2008 и сега луѓето кои претставуваат еден отсто од светската популација поседуваат 50,4 отсто од вкупното богатство, наведува „Кредит суис“.