Еден отсто од најбогатите стекнал 82 отсто од лани оствареното богатство

Јазот меѓу најбогатите и остатокот од светот се зголемил и во 0минатата 2017 година, а богатството и натаму е во сопственост на мало малцинство, па четири од пет американски долари од лани создаденото богатство завршиле во џебовите на најбогатите, покажува истражувањето на меѓународната хуманитарна организација Oxfam.

На најбогатиот еден процент од светската популација отпаѓа околу 82 отсто од сопственоста генерирана минатата година, додека најсиромашната половина од светската популација не видела никакво зголемување на својот имот, наведуваат од Oxfam.

Благодрејќи, во прв ред, на растот на цените на акциите на светските берзи, минатата година имотот на милијардерите е зголемен за 762 милијарди долари, а нов милијардер се појавува секој втор ден, па сега во светот ги има 2.043 милијардери, се наведва во годишниот извештај.

Од организацијата истакнуваат дека овие бројки, во коишто критичарите изразуваат сомневање, го покажуваат неуспехот на системот. За зголемувањето на јазот ги обвинуваат даночните затајувања, влијанието на големите компании врз политиката, ерозијата на правата на работниците и кастрењето на трошоците на компаниите.

Во Oxfam последните пет години изработуваа слични извештаи, а за 2017-та пресметале дека 8-те најбогати поединци на светот имаат иста сопственост како и најсиромашната половина население на светот. Наведуваат дека оваа година 42 луѓе имале богатство како и најсиромашната половина, а за мината ја ревидирале оваа бројка на 61 човек. Како што велат, ревизијата е направена имајќи го предвид поголемот број собрани показатели.

Главниот извршен директор на Oxfam, Марк Голдринг, изјави дека постојаното прилагодување на податоците го одразува фактот дека извештајот се заснова „на најдобрите моментално достапни податоци“. „Без оглед на тоа како ќе гледате на ова, станува збор за неприфатливо нво на нееднаквост“, додаде.

Објавувањето на извештајот на Oxfam се совпаѓа со почетокот на Светскиот економски форум (СЕФ – WEF) во швајцарскиот скијачки центар Давос, на оваа годишна конференција ги собира најголемиот број од светските политички и деловни лидери. Нееднаквоста во богатствата, обично, се наоѓа на дневниот ред на форумот, но Голдринг смета дека пречесто „сериозните и тврди разговори избледуваат при првите знаци на отпор“.

Извештајот на Oxfam почива на податоците на компанијата Forbes и на годишните податоци од изражувањата на институтот Credit Suisse Global Wealth, коишто даваат податоци за дистрибуцијата на светското богатство од 2000 година наваму. Истражувањето ја зема предвид вредноста на сопственоста на поединци, главно недвижнини и земјишта, намалени за долговите, за да се утврди што некоја индивидуа поседува. Податоците, притоа, не ги вклучуваат платите или приходите.

Ваквата методологија наиде на критики, бидејќи се вели дека, на пример, студент со високи долгови но со висока потенцијална заработка во иднина, според западните критериуми ќе биде сметан за сиромашен. Меѓутоа, од Oxfam велат дека дури и доколку при пресметката на богатствто на најсиромашната половина од светската популација се исклучат лицата со нето долг, нивното заедничко богатстгво би било еднакво на она на само 128 милијардери.