Еден потешко, а 20 полесно повредени во сообраќајки изминатиот викенд во Скопје

штета

Материјална штета е причинета во 23 сообраќајни незгоди.

Во петокот се случиле 16 сообраќајни незгоди од кои во седум со полесни повреди се здобиле осум лица, а девет незгоди биле со причинета материјална штета.

Самостојниот инспектор Драган Вељановски информира дека во саботата е извршен увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Во една со тешки телесни повреди се здобил возач на мопед, а во пет со полесни повреди се здобиле пет лица. Во четири незгоди била причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден е извршен увид на 14 сообраќајни незгоди, од кои во четири со полесни повреди се здобиле седум лица, а 10 биле со материјална штета.

Во текот на изминатите три дена санкционирани се 17 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 14 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина, шест возачи кои поминале на црвено светло, како и 12 возачи кои немале сигурносен појас при возење или користеле мобилен телефон.

Затекнати се и шест пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин или на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило пајак отстранети се 129 возила.