Еден ранет во престрелка во Бутел

Утрово, во 2 часот по полноќ, МВР добило е телефонско известување од Градска општа болница-Скопје, дека околу 00,00 часот бил донесен Ф.А.(20) од Скопје со две прострелни рани од огнено оружје.

Ф.А. бил повреден во близина на ул. “Кемал Сејфула” а како можен сторител е посочен И.Е.(17) од Скопје.

По преземени мерки приведени во ПС Кисела Вода се И.Е. и Ш.Ш.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.